Охридскиот пратеник Александар Николоски заедно со градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски, денес го посетија селото Мешеишта. Тие ги надгледуваа градежните активности околу изградбата на канализационата мрежа на селото, која започна да се гради пред еден ипол месец.

-При посетата од страна на изведувачот беше кажано дека темпото на изградба е во одлична динамика и дека имаат изградено една третина од канализацијата односно 3 километри цевковод со поставени шахти. Според договорот фирмата изведувач работите траба да ги заврши во рок од 10 месеци, информираат од Општина Дебрца.

За иградба на оваа канализацвиона мрежа ќе бидат потрошени 11 милиони денари, од кои дел се  обезбедени преку  Агенцијата за финансиска подршка на земјоделието и руралниот развој,  а дел ќе бидат покриени од Буџетот на општина Дебарца.

OhridNews