Идниот пратеник во македонското собрание, Харалампие Шокароски, придружуван од советникот Дејан Паноски, денес посетија дел од семејствата во Охрид, чии подруми и приземни катови од куќи, претрпеа штета поради настанатите поплави од вчерашното невреме.

– Ги стимулираме граѓаните настанатите штети да ги пријават до општинската комисија надлежна за нивно утврдување, а од друга страна ќе ја поттикнеме комисијата во што пократок рок да изготви елаборати за настанатите штети. Од друга страна, јас како пратеник, ќе се заложам за што пократко време елаборатите да бидат разгледани од страна на Владата и обештетувањето да се случи што поскоро, изјави Шокароски .


Советникот од ВМРО- ДПМНЕ, Дејан Паноски, рече дека штетите во урбаниот дел од општитната се последица на импровизациите во комуналната и урбаната сфера кои стануваат секојдневие.  – Охрид е симбол на импровизациите и самопофалбите и тоа мора да го промениме, рече Паноски.

Шокароски и Паноски ги обиколија и вонградските населби и села, во кои невремето предизвика штета врз градинарските култури и овоштарници.

OhridNews