Парламентот не го усвои предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2012 година.

Според предлог- законот кој беше поднесен од опозициските СДСМ, НСДП, ЛП и ПЕИ се бараше пописот да се спроведе од 1-ви до 15 април годинава.

На денешното продолжение на расправата околу предлог- законот, од страна на опозициската СДСМ беше побарана одговорност од владејачката коалиција за прекинување на пописот во октомври минатата година. Од ВМРО- ДПМНЕ пак со став дека надлежните правеле се за да се почитува Законот.

OhridNews