Електронскиот весник OhridNews ќе известува од претстојните Локални избори 2013, согласно професионалните стандарди и постоечките изборни правила и закони. За време на изборната кампања интернет весникот во презентацијата на информациите и другите содржини исклучиво ќе се води од сопствената уредувачка политика која се потпира на принципите на професионалност, непристрасност, избалансираност, објективност и точност, благодарение на што, OhridNews, денес е најпосетуваниот и најреспектиран интернет медиум во поширокиот регион.
1.Ohridnews за време на изборната кампања ќе ја задржи препознатливата објективност и ќе остане политички неутрален. При известувањето од изборите во информативниот блок, редакцијата на Ohridnews ќе обезбеди рамноправен третман на сите учесници во кампањата за Локалните избори, кои ќе одлучат тука да ја рекламираат својата кампања.
2.За време на изборната кампања OhridNews бесплатно, ќе информира за изборната постапка и ќе презентира информации од јавен карактер поврзани со изборите. Информациите од Министерството за правда, МВР, ДИК и другите надлежни институции задолжени за спроведување на изборите ќе бидат објавувани во рубриката соопштенија или преку новинарски извештаи во блокот вести. OhridNews избалансирано ќе информира од собирите на политичките партии и другите учесници во изборниот процес, додека прес конференциит ќе бидат пренесувани во куса форма, исклучиво доколку се работи за пренесување информации од јавен интерес. Сите останати форми на медиумско претставување, вклучително и сервисот соопштенија, политичките субјекти вклучени во кампањата ќе можат да ги користат за сопствена промоција во делот на платеното политичко рекламирање.
3. На сите учесници во изборната кампања OhridNews ќе им овозожи платено политичко рекламирање под подеднакви услови, согласно официјалниот ценовник за платено политичко рекламирање на претстојните Локални избори, кој ќе им биде доставен на учесниците во изборите. Платеното политичко рекламирање ќе се емитува во посебен простор предвиден за таа намена, јасно обележан и одвоен од останатите содржини, согласно законските прописи.
4. Предност во избирање на простор за рекламирање и поставување на банери и други рекламни содржини во делот за платено политичко презентирање, ќе имаат субјектите кои први ќе склучат договор со OhridNews.
5.За време на изборната кампања редакцијата ќе се труди дневните информации, вестите и извештаите за изборните случувања да ги објавува навремено и непристрасно. Учесниците во кампањата ќе имаат право на демант, бесплатно и во најкус рок, само на објавените информации од и на електронскиот весник „www.ohridnews.com“.
6. Согласно законите и пропишаните правила, за време на изборната кампања нема да се објавуваат информации за активностите на претставниците на државните органи и институции, на органите на локалната самоуправа и на други јавни личности, што се во функција на изборната кампања, а не се најавени како такви.
7. OhridNews нема да објавува вести, информации, соопштенија и реклами кои поттикнуват верска, национална или друга нетрпеливост и повикуваат на насилно уривање на системот и бојкот на изборите. Исто така нема да се објавуваат информации, фотографии, видео и аудио записи кои се однесуваат на деца помлади од 14 години.
8. Во периодот на избори редакцијата на OhridNews ќе се воздржи од коментари, освен во случај на флагрантно кршење на изборните правила. Во тој период нема да се објавуваат колумни и писма на читатели кои се однесуваат на изборната кампања и учесниците во неа.
9. Согласно начелата за професионално и непристрасно известување, OhridNews им забранува на своите вработени било каков ангажман во изборната кампања.