Здружението на правниците на Република Македонија од денес до 22 октомври, во Охрид,  ќе ја одржи традиционалната Есенска средба на правниците. Овогодинешната средба ќе биде посветена на Остварувањето и заштитата на правата од работен однос и здравствено осигурување во приватниот и јавниот  сектор.

Како што потенцираат од здружението, работните односи секогаш се актуелни и податливи за расправа, а овој пат фокусот е ставен на актуелните прашања од  примената на Законот за работните односи во приватниот и јавниот сектор, на судската и вонсудската заштита на правата на вработените и здравственото осигурување.

Се очекува од дводневната расправа да произлезат заклучоци и иницијативи коишто ќе придонесат за понатамошно унапредување на трудовото законодавство и здравственото осигурување.

OhridNews