Голманот на Флитфуд, Крис Нил обезбеди бесплатен оброк цела година, откако ја исполни задачата на една пицерија во градот да ја зачува мрежата не чепната на дуелот со Лестер во рамките од ФА Купот.
Натпреварот заврши без голови (0-0), а чуварот на мрежата имаше поголем мотив за славање од останатите фудбалери и навивачи на клубот од ниските дивизии после завршувањето на дуелот.
Дел од работата на Нил му „заврши“ менаџерот на „лисиците“, Клод Пауел кој им даде одмор на Ријад Марез и Џејми Варди кој дел од кариерата има минато токму во Флитфуд.
Од ремито раце трие и клубот кој според правилата во ФА Купот ќе заработи половина од влезниците на „Кинг Пауер“ стадион во реванш натпреварот, но наградата за голманот силно одекна во светските медиуми.
OhridNews