На почетокот од следната 2020 година, градот Охрид и љубителите на фудбалот ќе добијат нова можност за уживање, откако во СРЦ „Билјанини Извори“ од 10 до 25 јануари ќе се одржи Празничен турнир во мал фудбал.

Организаторите на турнирот кој е прв од ваков вид во овој период од годината најавуваат добар и квалитетен фудбал, а наградата од 120 000 денари за победникот ќе биде дополнителна мотивација за екипи учеснички. Вкупниот награден фонд изнесува 220 000 денари.

Пријавувањето започна и ќе трае до 6 јануари. Сите заинтересирани за учество и подетални информации за турнирот можат добијат на телефоните 077 634 682 (Љупчо) односно 078 550 087 (Александар).

OhridNews