По повод денот на вљубените во специјализираната продавница за здрава, храна, чаеви и додатоци „Лотос Вита Чи“ во тек е голема празнична акција. Со купен чај од рефусните „La Cha“ чаеви, или козметички производ добивате подарок – книга „Правилна исхрана, убавина и здравје“.
Освен широката палета на ексклузивни чаеви од плантажите на Кина, Јапонија и Јужна Африка кои ги произведува познатиот светски бренд „Dethlefsen & Balk“, а во Македонија се продаваат под името „La Cha“, „Лотос Вита Чи“ на својата понуда ги има и речиси сите лековити и класични чаеви од нашето поднебје, како и голем број овошни, медицински и магистрални чаеви. Покрај чаевите, во оваа продавница може да најдете и голема понуда на здрава храна, јаткасти плодови, сушено овошје, семиња, интегрален леб и пецива, како и природни производи за убавина и нега.
Специјализираната продавница за здрава, храна, чаеви и додатоци „Лотос Вита Чи“ е лоцирана на улица „Дејан Војвода“, позади Охридска Банка и е отворена секој работен ден од 8 до 16 часот и во сабота од 9 до 14 часот.
OhridNews