Голем број верници денес по повод празникот Успение на Пресвета Богородица беа присутни на светата литургија што утрово се одржа во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“.
Денот кога го прославуваме споменот кога Пресветата Владичица Богородица, Мајката Божја, и нашата топла и постојана застапничка пред Престолот на нејзиниот Син и наш Бог, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Сашо Богданоски, протоерејот Љупчо Симиџиоски, свештениците Димче Азески, Ѓорѓи Блажевски, Љупчо Бакрачески и Васил Михајлоски, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски, велат во соопштението од Дебарско-кичевската епархија.
По завршувањето на Литургијата, беше извршен мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а на верниците им се обрати Митрополитот Тимотеј, додаваат во соопштението.
OhridNews
фото: Дебарско-кичевска епархија













