Во манастирот Св. Наум Охридски Чудотворец на брегот на Охридското Езеро,  вечерва се одржа претпразнична богослужба.

На вечерната богослужба во очи празникот посветен на големиот светител, чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј.

Традиционално богослужба во манастирот Св. Наум ќе се одржи и на празникот на светителот, 5 јануари, рано утрото, на која се очекува присуство на многу верници.

По повод празникот Св. Наум Охридски, во понеделник, бродовите Александрија ќе пловат до манастирот по симболична цена од 250 денари во двата правци. Поаѓањето од градското пристаниште во Охрид е во 7:45 часот.

Г.М.

Фото: Дебарско-кичевска епархија