Охриѓани и неколкуте илјади гости, во весело расположение, со музика и топла ракија го слават големиот празник и осветувањето на водите од Охридското езеро. Сончевото и потопло време ја надопола празничната атмосфера во градот.
Голем број охриѓани во водите на езерото се капеа подоцна, во попладневните часови, а во текот на целиот ден се полни вода за здравје.
Верниците ги исполнија верските храмови каде се палеа свеќи во чест на празникот.
Терасите на кафулињата во кои преку целиот ден се дава бесплатна топла ракија, исполнети до последното место.
Не изостана и орото.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com