Песната „Smile“ која беше промовирана на 10-годишнината од стоматолошката организација „Д-р Стоев“, во изведба на музичкиот уметник Боби Мојсоски, доби видео запис, кој е промовиран за новогодишните празници.

-“SMILE” е музички проект кој настана како соработка со Стоматолошка Ординација Д-р Сашо Стоев, со цел да се подигне свеста за насмевката и важноста на позитивната енергија. Навистина ми е мило што бев дел од овој тим и се надевам дека синглот ќе ви донесе насмевки и позитивна енергија каква што будеше во мене кога ја снимав оваа песна. – изјави Боби Мојсоски.

Текстот е на Марија Филева Стоев, музиката на Мартин Милески, а аранжманот на Димче Китрозоски.

OhridNews