Празникот Водици го однбележаа и верниците од црковната општина Св.Наум Охридски во Виена.  На богослужбата што се одржа во Македонската православна црква во Виена чиноначалствуваше прота Стојан Глигоров, во сослужение со повеќемина свештеници. На фрлањето на крстот најбрз беше Петар Трајковски, а на лицитацијата за крстот најдарежлив беше претседателот на црковната општина Димче Лазовски. Чествувањата по повод богојавленските празници во Виена продолжуваат денеска.


Празникот Водици го одбележаа и нашите во Виена

OhridNews