Празникот 1 Мај традиционално е репер за тоа како ќе изгледа главната туристичка сезона која е на прагот. Иако годинава се падна во четврток, многумина го споија празникот со викендот, а слично е и во земјите од регионот. Тоа придонесе голем број туристи од земјава и околните држави првомајските празници да ги минат на Охридската ривиера која изгледа како во шпиц на сезона. Убавото време ја раздвижи и Езерската флота. Бродови, катамарани, глисери, едрилици, кајчиња од рано утрото крстарат по Охридското Езеро кое денеска се капе во сонце.

Празникот ја раздвижи Езерската флота

Според прогнозата на УХМР, попладне и во вечерните часови на места ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени.

Во деновите кои претстојат не очекува сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Охрид ќе се движи во интервал од 8 до 22 степени.

Г.М.