Српските кошаркари имаа пречек од соништата во Белград по освојувањето на сребрениот медал на Мундобаскетот во Шпанија.
Србите беа на чекор од златниот медал, но претрпеа пораз од американците во финалето, но во Белград беа пречекани како Светски шампиони.
– Ние дојдовме овде за да ви се заблагодариме за несебичната поддршка бидејќи без вас немаше да ја имаме таа позитивна енергија во текот на сите натпревари – им се обрати селекторот Александар Ѓорѓевиќ на сите кои дојдоа на плоштадот во Белград.
По повикувањето на бината играчите беа поздравени со громогласен аплауз и скандирани беа нивните имиња.
Мх.П.