Во домот на семејството Калајџиски, веќе со децении се чествува празникот Воведение на Пресвета Богородица, на  традиционален вевчански начин. Празникот кој кај народот е познат како Пречиста, оваа фамилија го чествува со поколенија наназад.


Славите се фамилијарно пренесени од колено на колено. Дури се живи родителите, славите се чествуваат во склоп на семејството, а потоа синовите ги преземаат и наследуваат како свои. Нашиот случај беше карактеристичен, поради тоа што имавме две ќуќни слави, по корените на нашите родители. Тоа беа Св. Никола и токму овој празник Пречиста. Кога се оженив, го зедов овој ден како ќуќна слава, додека мојот брат го чествува другиот празник.“ – вели домаќинот на куќата, Анѓелко Калајџиски.


Бидејќи сме по потекло од Вевчани, ги имаме задржано нашите обичаи. Ја негуваме традиција, а празникот го славиме со посни јадења, како што налага верата и црквата. Прво се оди во црква каде се пали свеќа, па потоа во нашата куќа доаѓа отец, кој го пее месениот леб. Во текот на денот се чекаат гости, а куќата е отворена за сите.“ – додава Калајџиски.



традиционалното вевчанско „празе“

Традицијата вели дека за еден дел од струшкиот регион, карактеристично јадење кое се служи за време на куќните слави е пржениот праз, или таканареченото „Празе“. „Празето е специфично за вевчанскиот регион. Празот се дроби со пиперка и патлиџан туршија, а потоа се пржи. Се додаваат маслинки и буковец, кои се заедно се динстаат. Трпезата е збогатена со зимска салата, рибина чорба, гравче, ориз, риба, сарма и баклава. Домашното лепче кое се меси, се шара со проскура, која е дрвена традиционална направа. Проскурата во нашиот дом е стара повеќе од еден век, а е наследена од прадедото на Анѓелко“ – вели тетка Тања Калајџиска.


едновековната проскура со која се шара домашното лепче

Периодот кој ни претстои, изобилува со голем број на празници, кои граѓаните ги чествуваат како ќуќни слави. Од 27-ми ноевмри на овие празници трпезите се посни.

О.Т.