Четири илјади гледачи на нозе го проследија натпреварот против европскиот првак Црвена Звезда во купот Лилјана Ронкети, вели Зоран Стевоски  претседателот на ЖКК Профитнес кој пред 11 години во “Билјанини Извори“  со неговиот клуб го пречека кошаркарскиот гигант.


На 15 септември 1999 година, во Охрид гостуваше Црвена Звезда најголемиот спортски бренд кој некогаш воопшто гостувал во градот под Самоиловата тврдина. Гостувањето на “црвено – белите“ беше натпревар на деценијата  за кој охриѓани се подготвувааа подолго време.


Охрид како град дишеше со тој натпревар. Спортската сала беше исполнета сат и половина пред мечот, за тој меч кој сите се нетрпение го очекуваме, живеаа играчите, живеаа охриѓани, а најмногу на мечот се радуваа популарните рибари, кои подготвија посебен декор за тој натпревар. Сите се подготвуваме да удриме со сите сили, малку фалеше да ја победиме големата Црвена Звезда – се присеќава Стевоски.


Мечот заврши 63-63, а охриѓанки пропуштија победа во последната секунда од натпреварот , откако Марија Видикова- Николиќ реализарише едно од двете слободни фрлања. – Гостувањето Ц. Звезда за нас преставуваше огромна чест, ние во спортската сала бевме возбудени од гостувањето на белграѓанки. Имаше посебен шмек тогаш  – со насмевка се присеќава на мечот Ирак Каневче, вработен во спортската сала.


При нашето гостување во Белград се запознавме со легендарните Славниќ, Капишиќ, тоа е клуб кој што има голема традиција со европско педигре, за нас тогаш таквиот прием значеше, вели претседателот.


За успехот на една екипа, потребно е да се поколопат коцките, еден од факторите за успешен Профитнес беше и соработката со “рибарите“. Ништо од тоа немаше да се случи без подршка на локалните медиуми, кои без резервно застанаа зад нашиот клуб – вели Стевоски.


Клубот кој опстојуваше десетина години на сцената повеќе од пет години го нема на кошаркарската мапа.  – Она што се случува во Охрид е жално. Спорот во Охрид е клиникчи мртов и потребна му е инфузија, потребна му е и тоа како помош од луѓе кои се спортски настроени, образовани, кои знаат што значи спортот, бидејќи спортистите се најголемите амбасадори на својата земја – завршува Стевоски

М.Постоловски