Пасош изгубиле и побарале објава за неважечка патна исправа 1.140 лица. Оваа бројка за првата половина од годинава е речиси идентична со минатото полугодие, бидејќи за цела 2012 година пристигнале 2.401 барање за објави на неважечки пасош. Највисоката бројка секоја година ја држат објавите за изгубени лични карти. Во текот на минатата година објави за неважечки документ побарале 21.182 лица, а годинава до 30 јуни, во службеното гласило се објавени 9.159 огласи за неважечка лична карта.
ЈП Службен весник на РМ сака да ги потсети и да ги информира граѓаните дека повеќе не мора да доаѓаат на шалтерите за објава туку дека тоа можат да го направат и по електронски пат. Потребни се само неколку клика на веб-страницата www.slvesnik.com.mk, па клик на банерот – уплата за објава на неважечки документ преку интернет.
На истиот линк, за неважечки, може да се објават и возачка и сообраќајна дозвола.
Сите оние, кои немаат можност по електронски пат да го надминат проблемот со објавата за неважечкиот документ, тоа можат да го направат во СВР Охрид, каде на шалтерите можат да ги подигнат веќе подготвените уплатници, соодветни за документот кој треба да го објават, да ги внесат потребните податоци и да ја уплатат цената за соодветниот оглас во која било банка.
Makfaks