Пред несреќата Михаел Шумахер сакаше да се повлече од јавност, изјави личниот асистент на седумкратниот Ф1 шампион Сабине на прес конференција викендов. Наместо новини за здравствената состојба на прославениот возач таа обзнани дека се повлекува од функцијата прв асистент на Шумахер задолжена меѓу другото за односи со јавноста. Кем додаде дека Михаел имал желба пред несреќата да се повлече во тотална изолација.
“После еден подолг разговор, неколку дена пред несреќета, Михаел ми рече дека за кратко време моите услуги нема да му бидат потребни, бидејќи комплетно ќе се повлече од јавниот живот. Затоа сега сакам да му ја исполнам желбата и на добар начин да го заштитам него и неговато семејство од разни шпекулации, а тоа најмалку му требе сега и на асот и на неговот семејство“. – изјави кратко Сабине на пресот на кој новинарите очекуваа информации за здравјето на Шумахер.
Со повлекувањето на Сабине Кем никој не сака да поверува дека веќе нема што да се каже за здравствена состојба на Михаел Шумахер. Најточно за тоа ќе каже времето кое во моментов му е единствениот сојузник на седумкратниот Ф1 шампион.
Михаел Шумахер тешко се повреди при скијање на необележана патека во Франција на 30ти декември 2013 година. Тој при пад удрил во карпа, но иако носел заштитна кацига се здобил со тешка повреда на мозокот. По 254 дена поминати во болница, Шумахер лекувањето го продолжи во својот дом во Швајцарија. Иако за него се грижи врвен лекарски тим и по повеќе од две години нема подобрување на здравствената состојба на Шумахер.
OhridNews