Истакнатиот унгарски поет Шандор Петефи пред почетокот на 52-рото издание на Струшките вечери на поезијата ќе добие биста пред Спомен домот на браќата Миладиновци со одлука на Советот на општина Струга.

Оваа иницатива се должи на заедничката заложба помеѓу унгарскиот амбасадор во земјава Јожев Бенце и струшкиот градоначалник Зијадин Села.

Инаку, спомен-бистата на Петефи ќе биде подарок од Министерството за култура на Република Унгарија.

OhridNews