Советот на Општина Охрид денеска ќе ја одржи 44 седница. Најмногу внимание привлекуваат Предлог одлуките за утврдување на  Нацрт детален урбанистички план   за дел  од  УЗ 1 дел од УБ 1.1 опфат Табана и за дел од УЗ 2 дел од УБ 2.1опфат Ривиера. Ова дотолку повеќе што Заводот и Музеј Охрид и Управата за заштита на културното наследство предупредија дека предлог одлуките за наведените планови не ги соdржат забелешките во врска со вклопување на изготвените заштитно конзерваторски основи.

На дневен ред на седницата предвидена е и точката за долгорочно задолжување на општина Охрид, разрешување и именување на членови на органите на управување во дел од училиштата и јавните претприајтија, а меѓу 50- те предвидени точки на дневен ред, ќе се најде и предлог одлуката за  давање согласност   на Одлуката за кредитно задолжување  на ЈП „Нискоградба Охрид“ и утврдувањето  на гробна такса-гробарина   на ЈП „Градски   гробишта“.

OhridNews