Предадени во употреба апартманите за Mобилност во Охрид
21.06.22 10:18
Во присуство на претставници на Центарот за развој на Југозападен плански регион како инвеститор, граѓанското здружение МОБИЛНОСТ како краен корисник, изведувачот на работите и надзорниот орган, денес, е извршен технички прием и официјално предадени се во употреба 10-те реконструирани апартмани на ГО МОБИЛНОСТ во Охрид, во комплексот Охридати.
Над 700 членови од Мобилност ќе имаат можност, во текот на летниот период, во Охрид, да ги користат овие апартмани за одмор и рекреација.
Реконструкцијата го подигна нивото на енергетската ефикасност на објектите преку промена на надворешната и внатрешната столарија, зголемена изолација, а извршени се зафати за внатрешно преуредување и осовременување на апартманите. Активностите се одвиваа во рамките на проектот „Подигнување на енергетската ефикасност на јавните објекти“, што го спроведува Центарот за развој на Југозападниот плански регион, одобрен од страна на Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој.
ГО МОБИЛНОСТ е формирана 1986 година и како национална инвалидска организација има за задача да ги претставува и застапува лицата со телесен инвалидитет и нивните интереси. Организацијата меѓу другото се грижи и им пружа рекреативни активности на своите членови. Во текот на неколку месеци во Охрид, во реконструираните апартмани, ќе бидат сместени околу 700 членови на Мобилност.
Центарот за развој на Југозападниот плански регион, во текот на годинава, реализира два поголеми проекти – од кои едниот е со цел да се подигне енергетската ефикасност на четири јавни објекти во општините Охрид, Дебрца, Кичево и Дебар, додека во Пласница и Македонски Брод се спроведуваат активности за подигнување на квалитетот на животната средина преку обезбедување на садови за селектирање отпад, односно регулација на каналската мрежа. За оваа намена обезбедени се 20 милиони денари преку Програмата за регионален развој на Бирото за регионален развој од централниот буџет.
Македонската репрезентација до 18 години забележа победа во вториот пријателски натпревар против Црна Гора, совладувајќи ја со 1:0 на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид По поразот од 1:0 во први...
Во рамки на 6-то коло од ракометната Супер лигата ГРК Охрид во сабота ја пречекува екипата на Алкалоид Не очекува уште едно дерби, овој пат против екипата на Алкалоид После еден тежок пораз во Скоп...
На 04102026 во 22:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека во авто-камп на крајбрежјето на Охридско Езеро настанал пожар во камп приколка сопственост на 44-годишно лице од Скопје При обид за гаснење ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.