Предавање за малигните заболувања во понеделник во Црвен крст
01.03.25 10:19
Посветени на своите активности во Здравствено-превентивната дејност, а во рамки на одбележувањето на Неделата на борба против ракот од 1-8 март, под мотото „Подигни свест, победи рак“, Црвен крст Охрид организира активности насочени кон подигање на јавната свест кај општата популација за превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања.
Во таа насока, Црвен крст Охрид организира предавање-разговор со Академик проф. д-р Миле Д. Миќуновиќ за малигните заболувања со акцент на рак на простата, кое ќе се реализира на 03.03.2025 (понеделник) со почеток во 11 ч., во просториите на Црвен крст Охрид.
Секоја година во светот, над 12 милиони луѓе заболуваат од некој вид на рак, а 7,6 милиони луѓе умираат како последица на болеста. Во нашата држава, годишно се откриваат преку 6 илјади нови случаи на заболени од рак. Овие бројки се навистина застрашувачки и алармантни. Експертите од Меѓународната унија за рак и Светската здравствена организација нагласуваат дека приближно 40% од карциномите можат потенцијално да се спречат и ризикот од развој на ракот може значително да се намали со примена на едноставни превентивни мерки и практикување на здрави животни навики.
Парична казна во висина од 5000 евра изрече денеска Струшкиот основен суд за поранешниот градоначалник на Општина Струга Рамис Мерко за незаконско поставување спомен обележје – плоча на влезо...
Учениците од ООУ „Кочо Рацин“ денес го одбележаа 21 септември, Глобалниот ден на кругот на мирот Преку активности заедно со своите наставници тие ја испратија поракта „Едно дрво Еден круг Еден заед...
Самостојна изложба на слики насловена „Охридска рапсодија” на Анче Колева ќе биде отворена утревечер, 22 септември, со почеток во 19:30 часот во изложбениот салон во НУ Центар за култура „Гри...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.