ЕУ Инфо центарот на Делегацијата на Европската Унија во рамки на активностите за промоција на проектот Југоисточна Европа: Луѓе и Култура од Програмата 2007-2013 во соработка со Општина Охрид организира предавање- дебата во врска со програмата Култура.

Предавањето ќе се одржи на 16 јуни со почеток во 12 часот во малата сала на Општина Охрид.

Воедно, на 16 јуни со почеток во 20:30 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи Изложба на фотографии на Иван Блажев, амбасадор на културата во рамки на проектот Луѓе и Култура, а предиден е и концерт на Тони Китановски и Черкези оркестар – амбасадори на културата во рамки на проектот Луѓе и Култура.

Ohridnews