Во просториите на средното општинско училиште „Нико Нестор“ во Струга, вчера се одржа презентација на тема „Значењето на Меѓународниот Ден на жената“, во организација на Активот по англиски јазик при ова училиште и Американското катче во Струга.

На настанот говорела Меган Дин, заменик-конзул при Амбасадата на САД во Скопје, која пред присутните ученици ја покренала темата за правата на жените и родова еднаквост. Во рамките на презентацијата, таа објаснила повеќе примери на жени кои со своите дејства и иновации придонесле за напредокот на општеството во различни периоди во историјата.

Во своето предавање Дин ги посоветувала девојките во публиката да не се откажуваат од своите соништа и идеали, и ги охрабрила момчињата да се приклучат во напорите за рамноправност.

OhridNews