Со цел запознавање на населението со ризиците за појава малигнитетот, како и истакнување на важноста од раното откривање на ракот на дојка, Црвен крст Охрид во соработка со гинеколоШката ординација „ВЕРА,ЉУБОВ,НАДЕЖ”, организира предавање „КАРЦИНОМ НА ДОЈКА-шТО ТРЕБА ДА СЕ ЗНАЕ!”, кое Ќе го одржи, гинеколог Д-р СаШо ЉуШев.
Предавањето ќе се одржи на 13-ти март (среда) во 18:00 ч., во просториите на Црвен крст Охрид. Во рамки на оваа активност, за сите заинтересирани, ќе бидат организирани скрининг прегледи на дојка-мамографија во Здравствениот дом во Вевчани.
Ракот е епидемија на наШето време или како Што го нарекуваат – болест на цивилизацијата. Секоја година во светот заболуваат над 12 милиони луѓе од некој вид на рак и 7,6 милиони луѓе умираат како последица на болеста. Во Македонија секоја година се откриваат околу 6.000 нови случаи на заболени од рак.
Малигните заболувања со учество од 20-25% се наоЃаат на второ место по причините за смрт во развиените земји во светот, веднаШ по срцево-садовите заболувања кои учествуваат со повеЌе од 50 % во структурата на морталитетот (смртноста). Светската здравствена организација се фокусира на скрининзите за рано откривање на ракот и вакцинација какодел од неговата превенција. Ризикот од појава и развој на рак може значително да го намалиме преку едноставно практикување на здрав и уреден живот: престанок на пушење, избегнување на изложеност на пасивно пушење, ограничена конзумација на алкохол, секојдневна физичка активност, јадење здрава храна, одржување нормална телесна тежина, избегнување прекумерна изложеност на сонце и заштита од инфекции кои предизвикуваат рак.