Во рамките на проектот Амбасадори на живиот свет во охридското езеро денес беше одржано предавање пред учениците на охридската гимназија.
На предавањето Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за Охридско Езеро ги запозна учениците со параметрите на Охридското езеро и со начините за подигање на еколошката свест. Проф.Д-р Трајче Талески од Хидробиолошкиот завод со илустрации на учениците им ги објасна карактеристиките на видовите риби во Охридското езеро- автохтоните и алохтоните.
Радован Димитриески кој е лидер на проектот, пред учениците го презентираше риболовниот алат кој се користи за спортски риболов.
Идејата на проектот е подигање на свеста на учениците за заштита на Охридското езеро и запознавање со неговиот рибен фонд.
OhridNews