Кампањата за вториот круг од изборите за претседател на државата и за предвремените парламентарни избори заврши вечерва на полноќ.

Предизборниот молк ќе трае до 19 часот во недела, 27-ми април. Согласно закон, во периодот на молк забранети се активности на учесниците во изборите, кампањи и агитирање.

Изборите за претседател и парламент започнаа пред три дена во Државната изборна комисија каде гласаа граѓаните кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората, која ќе гласа денеска. Во сабота гласаат и болните и немоќни лица, затворениците, притворените лица, привремено раселените и припадниците на армијата.

Изборите во Македонија ќе ги следат 9000 домашни и 400 странски набљудувачи.

OhridNews