Околу 2,7 милијарди евра изнесува предлог-буџетот што доцна синоќа го усвои Владата.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека вкупните приходи се предвидени на 147 милијарди и 957 милиони денари, додека вкупните расходи на 165 милијарди и 652 милиони денари со што буџетскиот дефицит е проектиран на 3,5 отсто до Бруто домашниот производ.

Како што пренесува „Макфакс“, Буџетот за 2013 е проектиран на прогноза на два отсто раст на БДП, инфлација од 3,5 отсто и бруто инвестиции од  шест отсто.

“Предлог-буџетот за 2013 година е испланиран реално и претставува соодветен одговор на европската криза и случувањата во евро зоната“,  истакна Ставрески.

Тој нагласи дека планираните макроекономски претпоставки се дека македонската економија во текот на следната година ќе оствари умерен раст на активноста на Бруто домашниот производ од околу два отсто што е повисок од растот на просекот на евро зоната, но е помалку, посочи од потенцијалниот раст на македонската економија.

Девизните резерви ќе бидат на високо ниво, курсот на денарот останува стабилен, а Македонија ќе одржи ниско ниво на јавен долг.

Вистински замав во следната година ќе заземе изградбата на автопатот на Коридорот 10, автопатотДемир Капија- Смоквица, а инвестирано ќе биде и во железничката инфраструктура.

За Технолошко индустриските развојни зони издвоени се средства од 413 милиони денари, додека за реконструкција на јавните установи, изградба на амбуланти во рурални средини и други инвестиции во здравствениот сектор наменети се две милијарди 164 милиони денари.

OhridNews
изор:„Макфакс“