Од локалната самоуправа информираат дека утре, 21- ви февруари, во 11 часот во Големата сала на Општина Охрид ќе се одржи Презентација на Предлог – Деталниот урбанистички план за Урбана заедница 1 блок 1.2 и блок 1.4 и Урбана заедница 3 дел од блок 3.4, општина Охрид предлог план 2009-2014, со тех. бр.11/03 од декември 2013 год.,  изработен од ДПУП „ПОЛОГПРОЕКТ -ПРО“ доо Гостивар.

Планскиот опфат за ДУП за УЗ 1 блок 1.2 и блок 1.4 и УЗ 3 дел од блок 3.4 Општина Охрид е со површина од 42,76 ха и е дефиниран во следните граници: Ул. „ Илинденска“, ул. „ Кирил и Методиј“, ул. „ Абас Емин”, бул. „Туристичка”, ул. „Пирин планина”, ул. „Васил Стефоски”, река Грашница и Охридско Езеро.

OhridNews