Athletic Bilbao-Granada 1 (1.45)

Вечерва започнува 26-то коло од шпанската Примера,а честа ја имаат екипите на Атлетик Билбао и Гранада.Апсолутен фаворит е домаќинот,кој се наоѓа на 4-та позиција и во последните 5 натпревари имаат 2 победи (Бетис 0:2,Осасуна 1:5),2 нерешени натпревари (Селта Виго 0:0,Реал Мадрид 1:1) и 1 пораз од екипата на Еспањол со резултат 1:2.

Екипата на Гранада се наоѓа на 13 позиција и во последните 5 натпревари има само 1 победа против екипата на Бетис со резултат 1:0 и дури 4 порази (Валенсија 2:1,Еспањол 1:0,Селта Виго 1:2,Реал Мадрид 2:0),што укажува во колку лоша форма е екипата на Гранада.

Од друга страна и Атлетик не би требало да киксне два пати по ред на домашен терен и да им даде шанса на Виљарел и Сосиедад да му се доближат на само 1 бод.

Според традицијата овие две екипи се изедначени со по 2 победи,2 порази и 1 нерешен меѓусебен натпревар.

Mattersburg-Horn 3+ (1.6)

Вечерва продолжува сезоната во Австриската втора лига,а наш избор е натпреварот Матерсбург-Хорн.

Матерсбург е на 6-та позиција,а Хорн на 7-та.На досега одиграните натпревари на овие две екипи паѓале по 3.68 голови кога играат Матерсбург и 3.47 кога игра Хорн.

Матерсбург има разлика од 18-11 во девет натпревари на домашен терен. А Хорн во 9 натпревари на гости имаат разлика од 16-22 голови,што укажува на многу голови и на денешниот натпревар.

Последниот натпревар на овие две екипи заврши со резултат 4:3 во корист на Матерсбург. До сега овие два тима играле 2 пати и имаме по 1 победа за двете екипи,а двете екипи по просек давале по два голови на меѓусебните натпревари.

Ohridnews