Wolfsburg-Napoli 1 (1.85)
Вечерва во рамките на Лига Европа играат Волфсбург-Наполи,а наш избор е домаќинот.
Екипата на Волфсбург годинава е во одлична форма и сериозен кандидат за освојување на Лига Европа,а до четвртфиналето стигнаа преку Спортинг 2:0,0:0 и Интер 3:1,3:2.
Од друга страна Наполи до четвртфинале стигна победувајќи ги екипите на Трабзонспор 4:0,1:0 и Динамо Москва 0:0,3:1.
До сега овие две екипи имаат одиграно само еден меѓусебен дуел кој завршил со триумф на Наполи на домашен терен со 2:1.
Поради повреда за Волфсбург нема да настапи Хант,а исто така поради повреда кај гостите од Наполи нема да настапат Гергано и Мичу.
Dynamo Kyiv-Fiorentina 1 (2.45)
Вечерва во Лига Европа играат и Динамо Киев-Фиорентина,а наш избор е домаќинот.
Екипата на Динамо игра одлично на домашен терен и до четвртфинале стигнаа победувајќи ги екипите на Генгамп 1:2,3:1 и Евертон 1:2,5:2.
Од друга страна пак гостите од Фиренца до четвртфиналето стигнаа победувајќи ги екипите на Тотенхем 1:1,0:2 и Рома 1:1,1:3.
До сега овие две екипи се немаат сретнато.
За Динамо поради повреда нема да настапи Макаренко,а неизвесен е настапот и на Мигел Велозо,од друга страна за Фиорентина поради суспензија нема да настапи Басанта,а поради повреда нема да настапи Роси и неизвесен е настапот на Пизаро.
Sevilla-Zenit 1 (1.7)
Вечерва играат и Севиља-Зенит,а наш избор е домаќинот.
Екипата на Севиља по традиција ја сваќаат Лига Европа сериозно,а до четвртфинале стигнаа победувајќи ги екипите на Менхенгладбах 1:0,3:2 и Виљареал 3:1,2:1.
Од друга страна пак Зенит до четвртфиналето стигнаа победувајќи ги екипите на ПСВ 1:0,3:0 и Торино 2:0,0:1.
По традиција овие две екипи се изедначени со по една победа и два нерешени натпревари.
Поради суспензија за Зенит нема да настапат Кришито,Дани,Халк и Смолников,а поради повреда нема да настапи и Фејзулин.
Од друга страна поради повреда за Севиља нема да настапи Бето,а неизвесен е и Даниел Каричо.
Club Brugge-Dnipro Х прво полувреме (1.9)
И за крај вечерва играат Клуб Бриж-Днипро,а наш избор е нерешено прво полувреме.
Екипата на Клуб Бриж до четвртфиналето стигнаа победувајќи ги екипите на Алборг 3:1,3:0 и Бешикташ 2:1,3:1.
Од друга страна пак екипата на Днипро до четвртфинале стигнаа победувајќи ги екипите на Олимпијакос 2:0,2:2 и Ајакс 0:1,2:1.
До сега овие две екипи имаат одиграно еден меѓусебен дуел кој завршил со триумф на Днипро на домашен терен со 3:2,а на полувреме беше 2:2.
Поради суспензија за Клуб Бриж нема да настапи Меуниер,а поради повреда нема да настапат: Дуарте,Енгелс и Фелипе Гедоз.
Од друга страна поради суспензија за Днипро нема да настапи Шаков,а поради повреда нема да настапат: Егидио,Мазук,Зозула,а неизвесен е и настапот на Матеус.