FH-IA Akraness 1 (1.4)

Вечерва во рамките на исландската Пепсиделид лига играат ФХ-Акранес.

Екипата на ФХ се наоѓа на втората позиција и на предходните 3 кола има две победи и еден пораз.

Од друга страна гостите се наоѓаат на 7-та позиција и на предходните 3 кола имаат една победа,еден нерешен натпревар и еден пораз.

И традицијата е на страна на домаќинот кој против Акранес има скор од 12-9-3.

Zaragoza-Mirandes 1 (1.7)

Вечерва во рамките на шпанската Сугунда Дивизион се среќаваат Сарагоса-Мирандес,а ние типуваме на домаќинот.

Екипата на Сарагоса се наоѓа 6-та позиција и на последните 5 натпревари имаат две победи (Нумансија 1:0,Албасете 3:1),два нерешени натпревари со Понферадина и Џирона со идентични 1:1 и пораз од Бетис со 4:0.

Од друга страна пак Мирандес се наоѓа на 13-та позиција и на последните 5 натпревари имаат две победи (Лас Палмас 2:1,Хуелва 2:1),еден нерешен и без голови натпревар со Леганес и два порази во низа (Осасуна 2:0,Барселона Б 2:3).

И традицијата е на страна на домаќинот кој против Мирандес има скор од 2-2-0.

Elfsborg-Helsingborg 1 (1.55)

Вечерва во рамките на шведската Алсвенскан Лига играат Елфсборг-Хелсинборг,а ние типуваме на домаќинот.

Екипата на Елфсборг се наоѓа на 4-та позиција и на последните 5 натпревари имаат 3 победи,еден нерешен натпревар и еден пораз.

Од друга страна пак гостите се наоѓаат на 7-та позиција и на последните 5 натпревари имаат две победи и три порази (два во низа).

На последните 5 натпревари овие две екипи се изедначени со по две победи и еден нерешен натпревар.

Viborg-Skive 1 (1.4)

Вечерва во данската НордикБет Лига играат Виборг-Скиве,а ние типуваме на домаќинот.

Екипата на Виборг е лидер во лигата и на последните 5 натпревари имаат две победи во низа и три нерешени натпревари.

Од друга страна пак екипата на Скиве се наоѓа на 7-та позиција и на последните 5 натпревари имаат една победа,три нерешени натпревари и еден пораз.

И по традиција подобри се домаќините со скор од 9-5-3.

Нов успешен месец за предлог типовите на Ohridnews.