Academica-Rio Ave 0-2 голови (1.5)

Попладнево во португалската Примеира лига играат Академика-Рио Аве,а ние типуваме на 0-2 голови.

Екипата на Академика се наоѓа на 14-та позиција и од последните 5 натпревари на 3 имаат скор од 0-2 голови (Арука 1:1,Мореиренсе 0:2,Брага 0:0).

Од друга страна пак Рио Аве се наоѓа на 7-та позиција и од последните 5 натпревари на 4 имаат скор 0-2 голови (Арука 1:0,Брага 0:2,Национал 1:1,Пенафиел 0:2).

И по традиција овие две екипи играат со скор 0-2 голови,имено од 28 меѓусебно одиграни натпревари на 18 завршиле со скор 0-2 голови.

Targu Mures-CSMS Iaşi 1 (1.8)

Попладнево се играат два натпревари од 24-то коло.Играат Таргу-Јаси,а наш избор е домаќинот.

Екипата на Таргу се наоѓа на втората позиција и тоа баш поради играта на домашен терен(од 11 натпревари дома имаат скор 9-2-0),а на последните 5 натпревари имаат 4 победи (два во низа)(Цеахлаул 3:0,Динамо Букурешт 2:1,ФЦ Брасов 1:0,Ботошани 1:2) и еден нерешен и без голови натпревар со Конкордија.

Од друга страна пак во последно време и екипата на Јаси игра подобро,се наоѓаат на 9-та позиција и на последните 5 натпревари имаат 4 победи (три во низа)(Газ Метан 1:0,Петролул 0:2,Астра 1:0,У.Клуж 2:0) и еден нерешен и без голови натпревар со Отелул.

До сега овие две екипи имаат одиграно само два меѓусебни натпревари,еднаш триумф издвојувала екипата на Јаси и еднаш завршиле без победник.

Norway-Czech Rep. 2 (1.6)

Вечерва пријателски натпревар во хокеј на мраз играат репрезентациите на Норвешка и Чешка,а ние типуваме на гостите.

Репрезентацијата на Норвешка на последните 5 натпревари имаат 3 победи во регуларниот дел(Словачка 1:3,Белорусија 2:5,Франција 4:0),еден пораз од Швајцарија во продолженијата со 3:2 и пораз во регуларниот дел од Данска со 3:0.

Од друга страна пак репрезентацијата на Република Чешка на последните 5 натпревари имаат две победи во регуларниот дел во низа со Русија 4:3 и 3:0,еден пораз на пенали од Финска со 3:2 и два порази во регуларниот дел (Шведска 4:6,Русија 3:2).

И традицијата е на страна на гостите кои против Норвешка имаат 10 победи и еден пораз.

Litvinov-Kometa Brno 1 (1.85)

Вечерва во чешката Екстра лига во хокеј на мраз се игра 5-от натпревар од полуфиналето помеѓу Литвинов-Комета Брно,а ние типуваме на домаќинот.

Екипата на Литвинов води со 3:1 во победи и со евентуален триумф вечерва се пласира во финалето,од друга страна Комета издвојува триумф на домашен терен на последниот натпревар и тоа со 4:1,а вечерва не веруваме дека на гостински терен со преполни трибини би можела да направи такво изненадување.

И традицијата е на страна на домаќинот кој на 28 одиграни натпревари против Комета Брно има 17 победи.

Рекордна успешност на предлог типовите на Ohridnews