Lugi-Drottхен.1 (-3.5) (1.75)

Вечерва во шведската Елитесериен ракометна лига играат Луџи-Дрот,а ние типуваме на домаќинот и со 3.5 голови разлика.

Екипата на Луџи се наоѓа на 5-та позиција и на последните 5 натпревари имаат 3 победи и два порази.

Од друга страна пак екипата на Дрот се наоѓа на 12-та позиција и на последните 5 натпревари имаат две победи и три порази.

И традицијата е на страна на домаќинот кој победува против Дрот на последните 5 меѓусебни натпревари.

Hannover-Friesenheim хен.2 (4.5) (1.8)

Вечерва во германската ракометна Бундес лига играат Хановер-Фрисенхеим,а ние типуваме на контрахендикеп,или гостите да не изгубат со повеќе од 4 голови разлика.

Екипата на Хановер се наоѓа на 11-та позиција и на последните 5 натпревари имаат 2 победи и 3 порази.

Од друга страна пак гостите се наоѓаат на 15-та позиција и на последните 5 натпревари имаат 4 победи и еден пораз.

По традиција овие две екипи се изедначени со по две победи.

Minden-Bietigheim хен.2 (3.5) (1.8)

Друг интересен натпревар во рамките на германската Бундес лига вечерва е натпреварот Минден-Битигхеим,а типуваме на контрахендикеп на домаќинот,или гостите да не загубат со повеќе од 3 голови разлика.

Екипата на Минден се наоѓа на 17-та позиција и на последните 5 натпревари имаат една победа и 4 порази.

Од друга страна гостите се последни и на последните 5 натпревари имаат една победа,еден нерешен натпревар и три порази.

И традицијата е на страна на гостите кој досега имаат одиграно 3 натпревари против Минден и на сите три издвојувале победа.

Dinamo Minsk-Dinamo Riga 1 (1.8)

Попладнево во КХЛ лигата играат Динамо Минск-Динамо Рига,а ние типуваме на домаќинот.

Екипата на Минск играат во Западната Конференција,се наоѓаат на 5-та позиција и на последните 5 натпревари имаат 4 победи во регуларниот дел (Подолск 3:5,Уфа 4:0,Омск 6:2,Барис Астана 5:2) и една победа на пенали со СКА со 2:1.

Од друга страна и Рига игра во Западната Конференција,се наоѓаат на 13-та позиција и на последните 5 натпревари имаат една победа во регуларниот дел против Екатеринбург со 0:3 и 4 порази во регуларниот дел (Казан 3:2,Магнитогорск 5:4,Јокерит 3:1,ЦСКА Москва 4:5).

По традиција за нијанса се подобри гостите,имаат скор 13:12 на 25 меѓусебно одиграни натпревари.

Статистиката е на страната од предлог типовите на Ohrid News.