Manchester City-Newcastle 1 и 3+ (1.75)

Вечерва во Англија се играат три натпревари од Capital One купот.Наш избор е натпреварот Манчестер Сити-Њукасл,а типуваме на домаќинот и 3 или повеќе голови.

Екипата на Сити е бранител на Лига Купот,во првите две кола беше слободна,а во третото коло ја декласира екипата на Шефилд Венсдеј со 7:0.

Од друга страна пак екипата на Њукасл во првото коло беше слободна,а во второто беше подобра од екипата на Гилингем со 0:1 и во третото коло пак ја совлада екипата на Кристал Палас со 2:3.

И традицијата е на страна на домаќинот кој против Њукасл на последните 21 меѓусебени дуели имаат 16 победи,3 нерешени натпревари и 2 порази.

Stoke-Southampton 2 (2.25)

Друг интересен натпревар во рамките на Capital One купот е натпреварот Стоук-Саутемптон,а ние типуваме на гостите.

Екипата на Стоук во првото коло беше слободна,а во второто ја совлада екипата на Портсмут со 3:0 и во третото коло беше подобра од екипата на Сандерленд со 2:1.

Од друга страна пак и Саутемптон во првото коло беше слободна,а во второто коло ја совладаа екипата на Милвол со 0:2 и во третото беа подобри од Арсенал со 1:2.

Екипата на Саутемптон и пред 4 дена во лигата беа подобри од Стоук на домашен терен со 1:0,а и според традиција се подобри,до сега имаат одиграно 11 меѓусебни натпревари,а 5 пати триумфирала екипата на Саутемптон,4 пати завршиле без победник и на два пати победила екипата на Стоук.

Inter-Sampdoria 1 (1.85)

Вечерва во Италија се игра 9-то коло во Серија А.Играат Интер-Сампдорија,а ние типуваме на домаќинот.

Екипата на Интер се наоѓа на 8-та позиција и на последните 5 натпревари имаат две победи (Аталанта 2:0,Чезена 0:1),еден нерешен натпревар со Наполи со 2:2 и два порази (Каљари 1:4,Фиорентина 3:0).

Од друга страна пак екипата на Сампдорија се наоѓа на 4-та позиција и на последните 5 натпревари имаат 3 победи (Киево 2:1,Џенова 0:1,Аталанта 1:0) и два нерешени натпревари (Каљари 2:2,Рома 0:0).

И традицијата е на страна на домаќинот кој против Сампдорија имаат 12 победи,9 нерешени натпревари и 2 порази.

Targu Mures-Ceahlaul 1 (1.7)

Попладнево во Романија се игра 1/8 финалето во купот,а играат Таргу Муреш-Цеахлаул и ние типуваме на домаќинот.

Екипата на Таргу на домашен терен е одлична,а во 1/16 финалето ја совладаа екипата на Конкордија на гости со 1:4.

Од друга страна пак екипата на Цеахлаул во 1/16 финалето ја совладаа екипата на Бакау со 5:1.

И според традиција подобри се домаќините со две победи и еден нерешен натпревар на одиграни три натпревари со екипата на Цеахлаул.

Torino-Parma 1 (2.05)

Друг интересен натпревар во рамките на Серија А е натпреварот Торино-Парма,а ние типуваме на домаќинот.

Екипата на Торино се наоѓа на 14-та позиција и на последните 5 натпревари имаат две победи (Каљари 1:2,Удинезе 1:0),еден нерешен натпревар со Фиорентина со 1:1 и два порази (Наполи 2:1,Лацио 2:1).

Од друга страна пак екипата на Парма е во очајна форма,се наоѓа на последната позиција и на последните 5 натпревари имаат 5 порази (Рома 1:2,Удинезе 4:2,Џенова 1:2,Аталанта 1:0,Сасуоло 1:3).

Според традиција пак подобри се гостите со 8 победи,4 нерешени натпревари и 2 порази од екипата на Торино.