Shkendija T.-Vardar 2 (2.8)

Попладнево се игра 30-то коло во рамките на македонската Прва Лига.Играат Шкендија-Вардар,а наш избор се гостите.

Екипата на Шкендија се наоѓа на 3-та позиција и на последните 5 натпревари имаат 4 победи во низа (Вардар 3:2,Турново 0:4,Ренова 3:1,Силекс 0:2) и пораз од Работнички со 1:0.

Од друга страна Вардар е лидер и со евентуален триумф денеска ќе ја прослави титулата првак на Македонија.На последните 5 натпревари има три победи (Ренова 1:0,Работнички 2:0,Металург 2:0),еден нерешен натпревар со Работнички со 2:2 и пораз од Шкендија со 3:2.

И традициајта е на страна на гостите кои против Шкендија имаат скор од 14-6-11.

Bayern München-Barcelona Х (3.45)

Вечерва се игра реванш натпреварот во Лигата на Шампиони.

Играат Баерн Минхен-Барселона, ние типуваме на нерешено.

Екипата на Баерн на првиот дуел загуби на гостински терен и има проблем со повредени,а клучни играчи,вечерва нема да рачуна на повредените: Алаба,Бадштубер,Рибери,Робен,а неизвесни се Роде и Старк.

Од друга страна Барселона на првиот дуел заврши голема работа со триумфот од 3:0 и вечерва е комплетна.

По традиција подобри се баварците со скор од 5-1-3.

USA-Slovakia 1 (1.85)

Попладнево во рамките на Светското Првенство Во Хокеј На Мраз се среќаваат САД-Словачка,а ние типуваме на американците.

Репрезентацијата на САД е лидер во групата,а на последните 5 натпревари имаат 4 победи во регуларниот дел (Норвешка 1:2,Русија 2:4,Данска 1:0,Словенија 1:3) и пораз во регуларниот дел од Белорусија со 2:5.

Од друга страна Словачка е на 5-та позиција и на последните 5 натпревари имаат една победа во регуларниот дел со Словенија со 3:1,една победа во продолженијата со Белорусија со 1:2,еден пораз во продолженијата од Русија со 2:3 и два порази во регуларниот дел (Норвешка 2:3,Финска 3:0).

По традиција пак подобри се словаците со скор од 7-1-4.

Bulgaria 17-Austria 17 2 (1.45)

Попладнево во Бугарија продлжуваат натпреварите во рамките на Европското Првенство до 17 години,се играат две полувремиња од 40 минути.Наш избор е натпреварот Бугарија-Австрија,а типуваме на австријците.

Репрезентацијата на Бугарија е последна со два порази на предходните две кола (Хрватска 0:2,Шпанија 1:2).

Од друга страна Австрија е 3-а,со еден нерешен натпревар со Шпанија со 1:1 и пораз од Хрватска со 1:0.

До сега овие две репрезентации се немаат сретнато.

Germany 17-Czech Rep. 17 1 (1.4)

Попладнево во рамките на европското првенство во фудбал до 17 години се среќаваат Германија-Чешка Република,а ние типуваме на германците.

Репрезентацијата на Германија е лидер во групата со две победи на предходните две кола (Белгија 0:2,Словенија 0:1).

Од друга страна Чешка Република е 3-а со една победа над Словенија со 1:0 и пораз од Белгија со 0:3.

По традиција пак за нијанса се подобри чесите со скор од 1-3-0.

Slovenia 17-Belgium 17 2 (1.4)

Во истата група се среќаваат и Словенија-Белгија,а ние типуваме на белгијците.

Репрезентацијата на Словенија е последна во групата со два порази (Чешка Република 1:0,Германија 0:1).

Од друга страна Белгија е втора со една победа против Чешка Република со 0:3 и пораз од Германија со 0:2.

До сега овие две репрезентации се имаат сретнато еднаш на 10.05.2012,а тогаш триумфирала екипата на Белгија со 3:1.

Belarus-Norway 1 (1.95)

Попладнево во рамките на Светското Првенство во хокеј на мраз се среќаваат Белорусија-Норвешка,а ние типуваме на белорусите.

Репрезентацијата на Белорусија се наоѓа на 4-та позиција и на последните 5 натпревари имаат две победи во регуларниот дел (Данска 1:5,САД 2:5),еден пораз во продолженијата од Словачка со 1:2,еден пораз на пенали од Финска со 3:2 и еден пораз во регуларниот дел од Русија со 0:7.

Од друга страна Норвешка се наоѓа на 6-та позиција и на последните 5 натпревари имаат две победи во регуларниот дел (Словачка 2:3,Словенија 1:2) и три порази во регуларниот дел (САД 1:2,Финска 0:5,Данска 4:1).

По традиција за нијанса се подобри белорусите со скор од 11-1-9.

Нов успешен месец за предлог типовите на Ohridnews.