Swansea-Burnley 1 (1.7)

Попладнево се играат натпреварите во Премиер лигата.Наш избор е натпреварот Свонси-Барнли,а типуваме на домаќинот.

Екипата на Свонси на предходното прво коло ја совладаа екипата на Манчестер Јунајтед со 1:2 на гости и ја покажаа одличната форма со која влегуваат во новата сезона.

Од друга страна пак новодојденецот Барнли на првиот дуел загуби од екипата на Челзи со 1:3 дома.

И традицијата е на страна на домаќинот кој против Барнли имаат две победи,еден нерешен натпревар и еден пораз.

Glasgow Rangers-Dumbarton 1 и 4+ (2.35)

Попладнево се игра 3-то коло во шкотската Чемпионшип лига,а наш избор се домаќините.

Екипата на Глазгов се наоѓа на 4-та позиција,а на предходните две кола има една победа против екипата на Фалкирк со 0:2 и пораз од екипата на Хартс со 1:2 дома.

Од друга страна пак екипата на Думбартон се наоѓа на последната позиција со два порази (Квин Оф Саут 0:4,Раит 3:1).

До сега овие две екипи се немаат сретнато.

Hoffenheim-Augsburg ГГ и 3+ (1.9)

Попладнево се игра првото коло во германската Бундес лига.По синоќешниот триумф на Баерн Минхен над Волфсбург,на ред се и Хофенхеим-Аусбург.Ние типуваме на двете екипи даваат гол и 3 или повеќе голови.

Екипата на Хофенхеим од последните 5 натпревари на 3 завршиле со 3 или повеќе голови.

Од друга страна пак екипата на Аусбург од последните 5 натпревари на 3 завршиле со скор гол гол и 3 или повеќе голови.

Според традиција овие две екипи се изедначени со по 6 победи и 3 нерешени натпревари,а Хофенхеим давале по 1.4 голови,додека Аусбург давале по 1.3 голови.

Olympiakos-Niki Volou 1 и 4+ (2.35)

Вечерва се игра и првото коло во Супер лигата кај нашиот јужен сосед.Играат Олимпијакос-Ники Волоу.Ние типуваме на домаќинот и 4 или повеќе голови.

Екипата на Олимпијакос на последните 5 натпревари имаат една победа против Милан со 3:0,два нерешени натпревари (Атлетик Билбао 0:0 и Манчестер Сити 2:2) и пораз од Ливерпул со 0:1.

Од друга страна ни гостите не се за потценување,на последните 5 натпревари имаат 4 победи (Ираклис 4:0,Псакна 1:2,Фостирас 2:0,Каниа 0:1) и пораз од АЕК со 1:2.

До сега овие две екипи се немаат сретнато.

Chelsea-Leicester 3+ (1.65)

Попладнево во Премиер лигата играат и Челзи-Лестер.Ние типуваме на 3 или повеќе голови.

Екипата на Челзи од последните 5 натпревари на 3 завршиле со 3 или повеќе голови.

Од друга страна пак екипата на Лестер од последните 5 натпревари на два завршиле со скор 3 или повеќе голови.

Според традиција кога Челзи играл против Лестер давале по 4.3 голови,а Лестер постигнувале по 1.7 голови.