Во организација на учениците од шестите и осмите одделенија при ОУ „Григор Прличев“, а во сорабтка со родителите, во просториите на училиштето се одржа новогодишен базар на кој беа презентирани изработени предмети од страна на основците.
- Покрај одделенските предновогодишни приредби, овие ученици во соработка со родителите и наставниците успеаја барем за момент на поинаков начин да ја испратат годинава што изминува и да ја навестат идната. Учениците презентираа свои изработки пред останатите ученици и вработени во училиштето. Овие настани ја зацврстуваат и подобруваат соработката сè со цел учениците–нашите деца да израснат во здрави личности, велат од училиштето.
Оттаму изразуваа благодарност до учениците за нивното ангажирање за реализирање на настанот.
OhridNews




















