Љубителите на хорската музика утревечер на 23-ти декември 2015 година, ќе можат да го проследат Предновогодишниот концерт на градскиот хор кој функционира во рамки на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Хорот ќе настапи под диригенската палка на Бурим Хидри, а ќе бидат изведени композиции кои се дел од новиот репертоар на хорот.

Концертот ќе се одржи во Центарот за култура со почеток 19 часот, а влезот е бесплатен.

OhridNews