Преку 80 деца кои ја следат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, крајот на есенскиот циклус од оваа програма го одбележаа со традиционално заедничко дружење и забава во игротека.

Беше тоа одлична можност во новогодишен амбиент да се поделат подароци на сите кои ја следат БОБ програмата, но и да се најават подготовките за претстојниот Национален Бреинобеин натревар во март 2018 г., информираат од Црвениот крст.

Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид започна со работа во 2010 година како прв центар на Балканот кој ја спроведува Бреинобреин програмата. За седум години БОБ програмата во овој центар ја следеле повеќе од 500 деца од 4-14 годишна возраст, а 4 генерации на деца веќе ја завршиле комплетната програма од 10 нивоа. 

Уписите на нови деца во БОБ-Црвен крст Охрид центарот ќе се вршат во февруари 2018 година.

OhridNews