Центар за култура „Григор Прличев“

Од 30.12.2025 - 20:00 до 30.12.2025 - 22:00

Предновогодишна „Импровокација“ ќе се одржи на 30-ти декември со почеток 20:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид.

Актерите од Охридскиот театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски ветуваат уште едно незаборавно шоу.

Традиционално во последната недела од годината со многу подароци за нашата публика, велат од екипата.

Карти може да се резервираат на телефонскиот број 075/283-066. Цената на картата е 400 денари.

OhridNews