На Градскиот плоштад вчеравечер продолжи реализацијата на дванаесетдневната предновогодишна програма, подготвена од страна на општина Охрид.

Во рамки на програмата со пригодна културно – уметничка програма составена од музички, танцови и рецитаторски точки, настапија учениците од ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти.

Според најавите, вечерва во рамки на предновогодишната програма за деца, на градскиот плоштад со почеток во 18 часот градоначалникот Никола Бакрачески ќе ја соопшти програмата за дочекот на Новата 2016 година во Охрид.

OhridNews