Охридските новинари вчеравечер во пријатна и опуштена атмосфера, во лаунџ барот „Објектиф“ одржаа предногодишна средба со градоначалникот Александар Петрески.

Се разменуваа впечатоци од соработката помеѓу Градоначалникот , односно Општината и медиумите во годината што изминува, а беа разменети и желби за здравје и успех во наредната 2013.