– Новинарите отворија многу теми во Охрид кои заслужуваат граѓаните да ги знаат. Не секогаш не фалеа, секако со причина, но знаеја и да ги пофалат и многу наши дела, рече Михаилов.
Во неформалниот разговор со новинарите, д-р Никола Бакрачески изрази благодарност за досегашната соработка, како кандидат за градоначалник, но и како прв човек на Заводот за кардиологија.Како што уште еднаш потенцира Бакрачески, негова желба заидната година е претстојните локални избори да поминат во фер и демократска атмосфера .











