Предновогодишната потрошувачка го зголемува ризикот од неевидентирање на готовинскиот промет. Затоа од Управата за јавни приходи со потсетување до сите даночни обврзници на почитување на обврската за регистрирање на готовинскиот промет и за издавање на фискални сметки на потрошувачите.

Оттаму додаваат дека нивните екипи редовно се присутни на терен, особено на местата со изразено зголемен промет во овој период – угостителските и објектите кои вршат малопродажба.

OhridNews