Како што за OhridNews изјавија од синдикатот на претпријатието, претходно, со писмено барање за решавање на состојбата, се обратиле до екс директорот Боро Шаин, Управниот одбор и локалната самоуправа.
– Не би сакале да дојде до прекин на работењето со што би се загрозило функционирањето на претпријатието, кое треба подготвено да ја пречека сезоната со оглед на тоа што Охрид во летниот период е особено атрактивен за подготовка на спортски екипи. Бараме решавање на финансиската состојба, исплата на плати и придонеси и очекуваме одговор од надлежните и почнување на преговори за разрешување на состојбата, велат од синдикатот.
Јавното претпријатие во моментов е без прв човек. Се очекува назначување на ВД директор по минатонеделното разрешување на Боро Шаин од функцијата.