Полициски службеник во СВР Охрид, „заработи“ мерка „писмено предупредување“ затоа што не излегол на лице место на настан и не презел неопходни мерки за расчистување на настанот.

Освен полицискиот службеник од Охрид, при спроведена дисциплинска постапка во текот на минатата недела, утврдени се повреди во работењето уште кај 21 вработен во МВР. Притоа, на 13 вработени им е изречена парична казна, на петтмина вработени мерка – “запирање на постапката“, додека на четворица вработени мерка – “писмено предупредување“.

OhridNews