Вчера, во 17,10 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, во село Луково се случила сообраќајна незгода во која И.Р.(53) од Дебар, управувајќи патничко моторно возило „Форд Транзит, удрил во пешакот Радован Б.(78) од село Луково.

Од здобиените повреди во незгодата, пешакот починал на лице место.

Во сообраќајната незгодата причинета е и материјална штета од околу 30.000 денари.

OhridNews