„Изјавите беа на поединци и тоа од типот „докторите ни се гладни, немаат доволно средства ниту за леб, сендвичи си прават од дома за да имаат што да јадат, мизерни се платите од 35.000 до 45.000 денари. Тоа се изјави кои создаваат незадоволство и конфузија во преговорите на кои има луѓе кои сметам дека се таму за да дојдеме до определено решение. Ако во таа насока работиме решение ќе изнајдеме“, рече Тодоров.
Тој изјави дека во некои установи имало лекари кои лажно внесувале податоци и интервенции. Поради ова министерот формирал осум тима кои во наредните денови ќе ги проверува сите здравствени установи во сите градови низ Македонија.
“Во некои установи немало толку пациенти во целата болница колку што еден доктор прегледал. Тоа е многу сериозна работа. Не станува збор за масовна појава, немаат сите доктори таков пристап, најголемиот дел имаат чесен пристап, ама има еден помал дел кои имаат и ваков пристап. Тоа не само што го загрозува проектот, туку ги загрозува и нивните колеги затоа што се прави нереално отстапување“, изјави Тодоров.
Лекарите кои лажно внеле податоци ќе бидат санкционирани.
Од денеска пак започнува едномесечниот ултиматум да се подобрат условите за работа што синдикатот на лекарите му го даде на министерот за здравство Никола Тодоров.
Тодоров досега не прифатил ниту едно од барањата на здравствените работници, а доколку за 30 дена повторно нема напредок синдикатот ќе повика на генерален штрајк.
Makfaks